Босилово

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, превентивна активност на СВР Струмица во ОУ „Гоце Делчев“ во Босилово

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 20.05.2025 спроведоа едукативно-превентивни активности во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, со учениците од прво до петто одделение во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во село Босилово, струмичко.

Преку едукативно предавање и интеракција со учениците, на децата им беше укажано како правилно да се движат – како учесници во сообраќајот, односно како пешаци, како возачи на велосипеди или на тротинети, а се со цел подигање на нивото на нивно знаење и одговорност, со што би се влијаело кон намалување на бројот на сообраќајни несреќи во кои се повредени деца, информира СВР Струмица.

Активноста дополнително беше збогатена со акцијата за обнова на хоризонталната сигнализација на постојниот пешачки премин пред училиштето, со што беше испратена силна порака за значењето на безбедното движење на децата во сообраќајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago