Струмица

Во Струмица во тек е реализацијата на програмата „ВЕЛО БЕЗБЕДНОСТ“, прва од ваков вид во Македонија

Во Струмица во тек е реализацијата на програмата „ВЕЛО БЕЗБЕДНОСТ“, прва од ваков вид во Македонија, насочена кон едукација и зајакнување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, со посебен фокус на сообраќајните правила што важат на улиците и булеварите во градот Струмица, со што децата се едуцираат според реалната сообраќајна ситуација во нивната околина.

Програмата се спроведува во рамките на проектот „Струмица – Вело Град“, финансиран од Европската Унија, која како стратешки пристап претставува потврда за посветеноста на Општина Струмица кон развојот на урбана мобилност, еколошки решенија и пред сè – заштита на децата во сообраќајот. Во согласност со член 273 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, децата над 10 години имаат право самостојно да управуваат со велосипед низ градот. Свесни за значењето на сообраќајната култура и потребата од постојана едукација за безбедно и одговорно учество во сообраќајот, особено кај најмладите велосипедисти, тимот на проектот „Струмица – Вело Град“ ја разви програмата „ВЕЛО БЕЗБЕДНОСТ“. На ваков начин, во пракса се имплементира европски модел за едукација на деца и млади – велосипедисти, кој како пример успешно се применува во училиштата ширум Германија.

Програмата „ВЕЛО БЕЗБЕДНОСТ“ има за цел да ја унапреди безбедноста на децата на возраст од 10 и 11 години – како најмлади самостојни учесници во сообраќајот – истовремено поттикнувајќи зголемена инволвираност и поддршка од страна на родителите, наставниците и заедницата. Во рамки на Програмата, опфатени се 90 ученици кои имаат 9 дена комбинирана едукација – теорија и практична наставаи бесплатна заштитна вело опрема – заштитни кациги за секој од учесниците.

Теоретската настава се реализира во Младински центар при општина Струмица, и во сообраќајниот кабинет на ДСУ „Никола Карев“ – Струмица, додека практичниот дел се одвива на терен – крстосници, кружни крстосници, и на повеќе од 12 километри велосипедски патеки создадени во рамки на овој проект.

Програмата ја спроведуваат едукатори и сообраќајни инженери од Скопје, Битола и Струмица. Оваа програма ќе кулминира на 3 јуни, Светскиот ден на велосипедот, кога сите деца – учесници во програмата „Вело Безбедност“, заедно со родителите, наставниците и гостите ќе ја испратат својата порака за внимание, одговорност и почитување на сообраќајните правила!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago