Македонија

СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

Владата потпиша договор вреден 6 милијарди евра, а јавноста засега доби само фотографии, изјави без конректна содржина и никаква инфомрација за клучните прашања кои ги поставија јавноста, а произлегоа од многу медиуми. Нема ништо освен флоскули за „историски моменти“ и „големи инвестиции“, но воопшто не се знае ништо за позадината на овој договор, реагираат од СДСМ. 
„Во кратко интервју на Мицкоски за битанската телевизија Скај, кое утрово го објавуваат медиумите, а за кое Владата воопшто не информираше, Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер ќе се разговата за примање на мигранти во Македонија како дел од договорот за стратешко партнерство. Ова сомнително однесување на премиерот го поставивме како прашање уште преед неколку дена но Владата упорно молчи. Со објавувањето на скриеното интервју на Мицкоски веќе сомнежот е преголем и Владата мора одма да одговори:
Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе – за нешто што засега се крие од јавноста? Согласно информациите од британските медиуми, но и од изјавите на британските официјални претставници, договорот во делот на мигацијата подразбира „широка соработка“.  
Информации во британските медиуми и од изјави на тамошни политичари се дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот. Прашањето кое три дена нема одговор е конркетно и насочено до Владата: 
Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман?
Македонија и грѓаните имаат право да знаат, дали има некакво ветување, дали има некакви разговори на оваа тема и што точно се разговара.  СДСМ не води евтина политика – ние поставуваме суштински прашања што никој друг не се осмелува. Ако Владата нема што да крие, нека одговори. Отворено, јавно и транспарентно“, стои во реакцијата на СДМ до Владата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago