Радовиш

Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ по втор пат го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата

Плоштадот во Радовиш денеска наликуваше на кошница со пчелки. Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ по втор пат го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата, заедно со дечињата од детската градинка Ацо Караманов и најмалите од двете основни училишта во Радовиш.

 На поставен штанд во центарот на градот дечињата дегустираа природен мед, а членови на здружението им делеа и флаери со цел да ги запознаат за значењето на пчелата која е најбитна за опстанок на природата и човештвото.

Штандот го посети и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој секогаш дава поддршка на пчеларите и го цени нивниот труд. Тој беше запознаен од пчеларите како функционираат пчелите и колку тие се природно организирани.

Инаку ова здружение е формирано од минатата година и во него веќе членуваат речиси сите пчелари од Општина Радовиш.

Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) се повеќе се загрозени од активностите на човекот, од загадувањето на животната средина со што се доведува во прашање и опстанокот на пчелата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago