Радовиш

Преосветување на храмот Свети Пророк Илија во Радовиш, голем духовен настан за радовишани

Голем духовен настан се одржа вчера во Радовиш. Преосветување на целосно реновираниот црковен храм Свети Пророк Илија, изграден пред околу 200 години. На преосветувањето беше отслужена и света архијерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со надлежниот архијереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ-ОА.

На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г. Стефан одржа пригодна беседа. На дарителите и помагачите на реновирањето на храмот им беа доделени Благодарници од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Во оваа прилика, ктиторот на манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица, г. Николајчо Николов, по повод 70 годишнината од раѓањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, му подари Митра.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago