Струмица

Отворен првиот агротуристички сместувачки капацитет во југоисточна Македонија, во струмичко Габрово, првите гости од Холандија

Општина Струмица започна да го развива агротуризмот. Отворен е првиот агротуристички сместувачки капацитет во југоисточна Македонија, и тоа во струмичко Габрово и првите гости пристигнаа од Холандија.

„Денеска се ставени темелите на агротуризмот во Струмица. Отвараме нова страница на можностите и потенцијалите на Струмица! Нашата убава Струмица нуди широки можности за реализација на идеи кои ја прават атрактивна и посакувана дестинација за домашните и странските посетители. До прекрасното село Габрово познато по својата природа и Габровските водопади денеска беше отворена хациендата Лоуисандро, првиот агротуристички сместувачки капацитет во југоисточна Македонија. Ова е дело на нашиот струмичанец Васко Кoциров кој по повеќе од 20 години работа во Холандија се врати во Габрово“ вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој денеска беше присутен на отворањето на овој атрактивен агротуристички комплекс.

Пристигнаа и првите туристи од Холандија и заедно со нив, со амбасадорката на Холандија во Македонија Н.Е Узлем Џанел и домаќините, прошетаа низ селото и уживаа во новата и разновидна понуда на хациендата Лоуисандро која располага со 7 соби и повеќе содржини за спокоен престој и релаксација и здрава домашна храна типична за ова поднебје од сопствено производство.

-Целта на овој нов тренд на агротуризам е враќање во руралните средини од современите динамични градски средини и уживање во даровите од природата, вели Костадинов кој посака среќа и да се множат туристичките капацитети од ваков вид и да се полнат со гости.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago