Струмичани му се поклонија на великанот Гоце Делчев, на најголемиот македонски син
Вчера на плоштадот во Струмица, по 122 години од смртта на бесмртниот Делчев, повеќе делеагации се поклонија пред спомен обележјето на великанот, грандиозниот споменик во кој е прикажан Гоце Делчев со раширени раце кон својата мајка Македонија, кон својот македонски народ.
„Ние, Македонците, паметиме и одбележуваме бројни настани од нашата вековна и богата историја и на сите тие настани, значајни датуми, но и на луѓето кои биле дел од нив, сме исклучително горди. Но постојат и такви датуми кои останале врежани во македонскиот незаборав кои вечно болат, и ќе болат се дури постојат Македонци на ова наше парче земја, или било каде на земјината топка. Еден од тие датуми е 4 Мај 1903 година, без сомнение најтажниот датум во историјата наша македонска, денот кога Македонија и Македонците ја доживееа најголемата загуба во своето постоење. Тоа е денот кога во селото Баница, Серско, беше убиен апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, несомнено најмаркантната фигура во севкупниот споменар за вековниот македонски непокор низ годините и вековите наназад. Денеска во Струмица и по 122 години од смртта на бесмртниот Делчев , чествувавме и му се поклонивме на најголемиот македонски син, во знак на почит и благодарност за сиот негов влог, за се што несебично сторил за нас и за нашата љубена татковина, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.