Радовиш

ЈЗУ Здравствен Дом, Радовиш организира настан на плоштадот, по повод Европската недела на имунизација

По повод Европска недела на имунизација која се одбележува од 27 април до 03 мај, ЈЗУ „Здравствен Дом“, Радовиш организира настан на плоштадот Свети Спасо Радовишки, заедно со дечињата од детската градинка Ацо Караманов.

Под мотото „Имунизација придобивка за сите“ на дечињата им се делеа торбички и флаери. Во општина Радовиш опфатот со МРП вакцината е 82 проценти, но од Здравствениот дом се стремат, овој процент да го зголемат на над 90 проценти, како што информира д-р педијатар Стојанче Петров кој е и директор на Здравствениот дом во Радовиш.

Тој апелира до родителите да ги носат дечињата на вакцина штом че добијат покана и да не се плашат, бидејќи вакцинините се безбедни.

Во моментот во градинките во Радовиш нема заболени дечиња со морбили, но има појава на Коксаки вирусот, кој често се нарекува и вирус на валкани раце, кој се манифестира со осип, црвенило по рацете и лицето, со покачена температура и вцрвенето грло. Најчесто се добива од неизмиени раце и нечисти површини, а се пренесува преку говор, кашлање и ќивање.  Најчесто заболуваат децата во градинките, а може да се појави и кај возрасни лица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago