Македонија

На 1 Мај, некои граѓани на излет и на море, некои на протести пред Собрание, на пратениците им упатија пораки

На 1-ви Мај, некои правеа скара во природа или во своите дворови, некои заминаа на море, а некои протестираа. Во организација на ССМ вчера пред Собрание беа организрани протести за зголемување на минималната плата на 500 евра и сите други плати за по 100 евра. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се обрати пред присутните, нагласувајќи: „И минатиот 1-ви Мај баравме исто, и овој 1-ви Мај бараме исто. И следниот ќе бараме исто“, истакна пред Владата, првиот синдикалец, Слободан Трендафилов, кој додаде дека за разлика од минатата година кога имаше друга влада во заминување и нова во доаѓање, сегашната кога дојде на власт, води грижа само за бизнисот, само за газдите и само за олигарсите, на штета на работниците. „За прв пат од 2011 година, спротивно на закон, Владата утврди минимална плата еднострано и на штета на работниците. Денеска сме тука затоа што бараме Владата да биде на страната на работниците, на страната на граѓаните, на стана на нејзините гласачи, а не на страната на газдите, на олигарсите и на работодавачите“, рече Трендафилов.

„Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достоинствена работа, од другата страна на барикадите се тие кои уживаат привилегии”. Луксузот ваш е трудот наш. Ве молам, макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работник ќе ви заврти грб. Им ветивме дека ќе дојдеме во поголем број, а ќе дојдеме и многу повеќе од денеска, доколку не донесат измени на Законот за минимална плата и не ги зголемат сите останати плати, во спротивно предлагаме и на работниците и на пратеницити да им биде исплаќана минимална плата“, кажа Трендафилов.Како што рече, жално е што на 1-ви Мај, кога се одбележува работничката борба за осумчасовно работно време, дел од пратениците учествуваа во донесување на закон со кој се овозможи во Македонија денес да има можност за 12-часовен работен ден, нешто што го нема во светот уште од 1886 година.

„Жално е пратениците да ги уживаат привилегиите, 79 проценти зголемени плати, проценти за превоз повисоки од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза, а да одбиваат да донесат измени и дополнувања на Законот за минимална плата со што ќе се овозможи нејзино зголемување на 500 евра, како и зголемување од 100 евра на платите на сите останати работници, како и потребните измени за да се овозможи и на работниците, исто како и пратениците, да имаат право на трошоци за превоз и на трошоци за храна. Бараме најбрзо што може пратениците да се заложат за нашите барања и со тоа да покажат дека се за работниците и дека се со работниците“, рече Трендафилов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago