Струмица

Јавната презентација и Јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица

Денеска во салата на Советот на општина Струмица се одржа Јавната презентација и Јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица за периодот 2025 -2029 година.

Планот го изготви Центарот за климатски промени во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Струмица, а со финансиска поддршка од Шведска.

Во рамките на проектот, во изработка е и Студија за загадувањето во општина Струмица од страна на универзитетот „Гоце Делчев“ лабараторија „Амбиком“, а како последна фаза од целокупниот проект за справување со загадувањето се одржаа две форумски сесии на кои се изгласа проектот за зголемување на површини со зеленило, односно изградба на нов Парк во град Струмица кај новата детска градинка „Виножито“.

Зголемувањето на зелените површини во градските средини претставува еден од основните начини за намалување на загадувањето на воздухот. Постојат голем број на студии кои посочуваат дека зеленилото има позитивни ефекти во однос на намалувањето на азот диоксидот и PM честичките.

Планското и наменско садење на зеленило може да го намали присуството на азот диоксид до 40%, додека намалувањето на PM честичките може да достигне 60%. Во урбаните средини, засадувањето и оддржувањето тревни површини, нискостеблести растенија и бршлени, популарно наречени зелени ѕидови, e исклучително корисно бидејќи зелените ѕидови ги апсорбираат ПМ честичките од воздухот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago