Босилово

Со свечена програма, одбележан Денот на Општина Босилово 10-ти Април

Општина Босилово го одбележа Денот на општината со свечена седница на Советот по повод 10-ти Април, при што на повеќе поединци и институции им додели плакети, благодарници, пофалници за нивниот придонес во развојот и афирмацијата на општината на секое поле.

Градоначалникот Ристо Манчев во своето обраќање пред присутните спомна дел од реализираните проекти и притоа рече дека Општина Босилово има потенцијал, и има со што да се гордее!

Општината се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко Поле, помеѓу планините Огражден и Беласица. Граничи со соседните општини Струмица, Ново Село, Василево и Берово.

Општината Босилово има своја историја како стара општина што постоела во периодот од 1952, па сè до 1963 година, кога биле укинати руралните општини. Бидејќи нејзиното прво формирање било на 10 април 1952 година, денес овој ден се слави како празник – Ден на Општина Босилово.

Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на општината Босилово го сочинуваат следниве 16 населени места: Босилово, Турново, Радово, Иловица, Штука, Секирник, Бориево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Петралинци, Сарај, Гечерлија, Дрвош, Хамзали и Старо Балдовци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago