Радовиш

Здравствениот дом, Радовиш, го одбележа Светскиот ден на здравјето 7-ми Април кој годинава е посветен на здравјето на мајките и новороденчињата

Здравствениот дом од Радовиш денеска го одбележа Светскиот ден на здравјето 7-ми април кој годинава е посветен на здравјето на мајките и новороденчињата под слоганот „Здрави почетоци иднина полна со надеж“.

За значењето на овој ден пред присутните лекари медицински сестри и останати здравствени работници се обрати директорот на Здравствениот дом доктор Стојанче Петров.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН.

Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво, додека повеќе од 2 милиони новоорденчиња умираат во текот на првиот ден од животот. Секој ден во светот умираат околу 800 жени од причини поврзани со бременоста и породувањето кои можеле да бидат спречени, околу 95% во земјите во развој.

Доктор Петров во оваа прилика рече дека во следниот период ќе претстои пополнување на испразнетите места со доктори по општа медицина, медицински сестри и медицински лаборанти, по претходни согласности од Министерството за здравство.

По повод денот на здравството денеска беа доделени ваучери за пензионирани вработени од здравствениот дом,  јубилјени награди за 10 и 40 години непрекинато работење и посебни благодарници за придонес за здравствениот дом.

Со испишани пораки упатени до здравствените работници дечињата од Детската градинка Ацо Караманов, Управна зграда, денеска беа во посета на Здравствениот дом во Радовиш. „Честит празни 7- Април“, „Вие сте чувари на нашето здравје“, беа дел од пораките кои дечеињата ги посветија на лекарите и останатиот здравствен персонал за денешниот ден.

Тие им подарија балони со испишани пораки, на директорот на Здравствениот дом, доктор Стојанче Петров, како и на останатиот персонал, и накратко беа запознаени со работата на лекарите. Дечињата прашуваа како им минува еден работен ден и дали е тешко да се грижат за здравјето на луѓето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago