Струмица

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска во посета на Социјалната населба во изградба во Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, соработници и советници, заедно со претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска ја посетија Социјалната населба во изградба во Струмица.

За градоначалникот Костадинов, овој проект е вториот најголем проект во историјата на Струмица.

-На увид сме на завршната втора фаза на вториот најголем проект во историјата на Струмица после јавниот електричен превоз, а тоа е Социјалната населба со цел дислокација на диво населената населба на „Климент Охридски“ за која знае јавноста дека таму жителите живеат во дивоградби на небезбедна локација. Ова е неколку децениски проблем којшто ги мачи жителите во долното Турско маало и генерално цела Струмица затоа што сите сочувствуваме.

Како Општина првата фаза ја реализиравме со износ од 100 милиони денари и е целосно завршена, ставени се потпорни ѕидови, изградена е улицата, поставено е улично осветлување и канализација. Во втората фаза е поставена водоводна линија, има и нов резервоар којшто не ги решава само проблемите на оваа нова Турска социјална населба, туку го решава и проблемот со водоснабдување во горниот дел од градот кој се јавуваше во летниот период. Веќе сме подготвени за започнување на првиот дел од третата фаза, а тоа значи дека од страна на Секторот за урбанизам изготвени се проекти за куќите чиј вкупен број е 118, но сега се изготвени проекти за 26 куќи коишто согласно вториот повик распишан од страна на Владата, ние веќе го имаме аплицирано и се надеваме дека овој пат Владата ќе се издигне над дневнопартиските нивни интереси и конечно ќе даде поддршка за она што значи крупни капитални проекти за граѓаните на општина Струмица. Во овие 3,5 години, она што значеше изборно ветување Струмица да стане прво регионален, економски и хуманитарен центар, тоа го постигнуваме преку реализација на бројни и најразлични проекти“, рече градоначалникот Костадинов.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани и му се заблагодари на градоначалникот Костадинов, советниците и општинската администрација.

-Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз“, изјави Филипче

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago