Ново Село

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во посета на струмичкиот регион

Во рамките на акцијата „Каде што срцето е дома“, организирана од Министерството за локална самоуправа, денеска на увид во градежните активности на изградбата на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево. Во општина Ново Село присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински кои заедно со градоначалникот на општината Горѓе Божинов, градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев и градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов извршија увид на работните активности.

„Овој проект е од исклучително значење за локалната заедница, бидејќи ќе овозможи подобра инфраструктура за рекреација, спорт и активен туризам, со што ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе се искористи природниот потенцијал на овој регион“ – кажа премиерот Мицкоски, потенцирајќи дека овие капитални инвестиции се и добра можност и за економијата за да може да се задвижи.

„Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на градоначалниците од овој регион коишто се со нас тука денес и да им посакам уште повеќе проекти да можеме да реализираме за интерес на граѓаните, да му честитам на ресорниот министер, на советниците во советите, на администрацијата којашто ги подготвува овие проекти и да им посакам многу вакви проекти“ – додаде Мицкоски.

Тој упати и апел до градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов да ја искористи можноста за вториот повик и да аплицира со проекти.

Градоначалникот на Ново Село, информираше дека вкупната должина на пешачката и рекреативна патека е 5 км, а во првата фаза ќе се изградат 2,7 km.

„Патеката е особено значајна за поврзување на овие две населени места како едни од поголемите во општината. Поддршката на Владата на инфраструктурни проекти значајно ќе помогне да го подобриме работењето на нашите локални самоуправи, кои сме рурални и немаме доволно средства за финансирање на капитални проекти со што ќе решиме многу инфраструктурни проблеми“, истакна градоначалникот Божинов.

Неговиот колега од Василево Славе Андонов, потенцираше дека благодарение на владината поддршка, ќе се исполни тридецениското барање на граѓаните за изградба на канализација во Василво.

 

„Овој проект го ветивме и денес сме сведоци дека неговата реализација станува реалност. Прелевањето на септичките јами и загадувањето на животната средина, станува минато“, истакна градоначалникот Андонов, кој појасни дека проектот предвидува изградба на фекален канализациски систем во должина од 4 км.

Министерот Перински и премиерот Мицкоски порачаа дека владината поддршка ќе продолжи, не само на руралните општини, туку на сите во државава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago