Радовиш

Пошумување на површината над Радовиш која во 2024 беше зафатена од пожарот

Деновиве на планината Плачковица над Радовиш се врши пошумување на опожарените површини од пожарот од минатото лето, но кој благодарение на брзата реакција на вработените од Подружница Плачковица и од ТППЕ од Радовиш беше локализиран за два дена.

„Од тој пожар беа зафатени 198 хектари уредена и неуредена површина, место на кое ние како ЈП “Македонски Шуми” или поточно ПШС “Плачковица” Радовиш ќе посадиме преку 40.000 садници јасен, јавор, бор и повеќе видови даб, истакна Заменик генералниот директор на ЈП “Македонски Шуми” Кире Михаилов кој беше дел од акцијата за пошумување.

Во месец март во Македонија имало околу 500 пожари што покажува дека ништо не сме научиле од пожарите кои беснееја во земјава минатото лето и кога речиси една третина од шумите беа пеплосани. Како ќе се однесуваме оваа лето од нас зависи, додаде Михаилов кој аплира до граѓаните да бидат совесни и одговорни во спротивно ниту авиони ниту хелихоптери нема да не спасат.

Овде блиску до оваа површина се наоѓаат бунарите од кои градот Радовиш се снабдува со вода за пиење а кои беа загрозени од пожарот минатото лето.

„Во минатото, претходното раководство пуштало редовни сечи во близина на бунарите, т.е. изворите за вода.

Ние како ново раководство може да им ветиме на граѓаните дека она што е посечено од претходната власт ќе го обновиме со пошумување и потсејување и нема да дозволиме повеќе никакви сечи во одделите кои се кај бунарите“ додава Михаилов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago