Радовиш

Презентиран проектот Рекреативен парк „Воденица“ на Радовишка река, 500 илјади денари донација за настраданите семејства во пожарот во Кочани

Општина Радовиш ќе издвои околу 500 илјади денари донација за настраданите семејства во пожарот во Кочани. Оваа одлука беше донесена на денешната 65 седница на Совет која започна со едноминутно молчење во чест на загинатите. Градоначалникот Ацо Ристов образложи на кој начин ќе се издвојат од Буџетот. 450.000 денари кои се оставени на располагање на општината за итни потреби како се несреќи и 50.000 денари со кои може да располага градоначалникот за месечни потреби без јавни набавки.

Советникот Енис Омер со иницијатива до советниците да донираат од својот паушал на што се сложија и останатите советници при што беше одлучено секој советник со изјава да се изјасни колку ќе донира од својот паушал, која ќе биде доставена до финансии.

На Денешната 65 седница на Советот на Општина Радовиш градоначалникот Ацо Ристов го презентира проектот за изградба на Рекреативен парк кај Канлиева Воденица кој ќе се вика само Воденица. Тој рече дека проектната документација е готова и ќе може да го аплицираат следната година. Вреноста на овој проект ќе биде околу 3.000.000 евра. Паркот ќе биде одалечен 700 метри од последниот мост на реката.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago