Радовиш

Премиерот Мицкоски заедно со Градоначалникот Ристов во посета на започнатите инфраструктурни објекти кои се реновираат во Општина Радовиш

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Министерот за локална самоуправа Златко Перински го посетија Радовиш. Заедно со градоначалникот Ацо Ристов и пратеничката Моника Трајанова извршија увид во градежните активности кои се во тек за реконструкција на старата Стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј и на центарот за култура „Ацо Караманов“.

„Би сакал да им честитам на граѓаните на Радовиш. Сите овие проекти, нека си ги користат со задоволство. Има уште проекти, тука нема да застанеме, знам дека ниту како општина, ниту како Влада. Многу како Влада, во изминатиот период, инвестираме во Радовиш, и ќе продолжиме да инвестираме во Радовиш.

Проектите ги кажа градоначалникот. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на градоначалникот, на ресорните министри коишто се со мене, како и на пратеничката, на администрацијата на Општина Радовиш, на советниците, на сите што заеднички работат и придонесуваат овие проекти да бидат готови, за да можеме ние како Влада да ги финансираме.

Јас само посакувам овие проекти побргу да бидат завршени, за да можат радовишани да ги користат. Како Влада, продолжуваме да градиме, затоа што тоа е нашата инспирација и цел. Македонија мора да се гради . Јас знам дека граѓаните имаат лоши спомени од минатото, чувствуваат гнев. Затоа што наместо да се гради, Македонија се крадеше. Сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција. И со таа посветеност продолжуваме да работиме. Честитки, и нека се множат уште повеќе успешни проекти.“ – истакна Премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот Перински изрази благодарност за проактивноста на градоначалникот и неговиот тим за подготовка на проектната документација и изрази надеж дека со исто, но и засилено темпо ќе продолжат во таа насока, а Владата ќе продолжи со поддршката за сите локални самоуправи.

И министерот за култура Љутков рече дека му е драго кога се реализира некој проект во областа на културата посебно му е драго што центарот за култура „Ацо Караманов“, во кој некогаш и самиот одржувал претстави, ќе добие ново руво

„Радовиш немаше ваков центар во кој граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите потреби во делот на едукација, образование, култура, информации и многу други содржини кои ќе ги имаа во објектот, а кој ќе биде наменет за сите од 6 до 66, па и понатаму. Објектот ќе биде самоодржлив, затоа што ќе има такви содржини кои ќе го овозможат тоа“, изјави градоначалник Ристов кој изрази благодарност до Владата за дадената поддршка во реализација на проектот.

“Објектот „Стоковна куќа“, кој стоеше триесет години запуштен и запоставен, како нем сведок на транзицијата, со оваа реконструкција повторно ќе биде ставен во функција.” – информираше Премиерот  Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека за остварување на проектот за реновирање и пренамена на стоковната куќа во Радовиш ќе бидат потрошени 223,075.612 денари.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago