Македонија

Таравари: 99 проценти од лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини.

-Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира пари.Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која што е објавена пред три-четири дена, не е од сега. Можеби во некоја држава, меѓутоа, генерално 99 проценти од лекувањето во сите држави е бесплатно, рече тој.

Додаде дека Владата обезбедила средства за патување и сместување на по двајца родители или членови на семејство на пациентите во сите држави.

Министерот на денешната прес-конференција по редовниот состанок на кризниот штаб во Министерството за здравство информираше дека бројката на пациенти што се лекуваат во моментов е 162, а денеска 10 од пациентит кои лежат во државата ќе бидат испишани. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Освен еден пациент кој се лекува во Турција, останатите се во сериозна, но стабилна состојба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago