Македонија

Кочани денеска им оддава последна почит на загинатите во пожарот, погребни церемонии ќе се одржат и во Струмица, Штип, Облешево и Скопје

Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост.

Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. 

Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување. 

Погребната церемонија ќе се одржи по посебни протоколи, а на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.

На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Сите останати граѓани се замолуваат да останат надвор од портите на гробиштата и достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите.

– По завршувањето на погребната церемонија, но и следните денови, сите ужалени граѓани, постепено, еден по еден, ќе можат да отидат до вечните почивалишта на настраданите, да се помолат за нивните души, да положат цвеќе, да запалат свеќа, апелираше утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Денеска погребни церемонии ќе се одржат и во Струмица, Штип, Облешево и Скопје. Во страотниот пожар загинаа 59 лица а 160 беа повредени. Дискотеката имала низа неправилности во своето работење кои се утврдуваат со истрагата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago