Струмица

Предизвикан пожар на отпаден најлон и пластични цевки во струмичко

Денеска околу 12:15 часот од страна на инспекторката за животна средина и комуналниот инспектор во Општина Струмица, е затекнат пожар во дел од каналот во близина на с.Просениково.

На лице место е затекнато запален отпад од отпаден најлон и пластични цевки од систем капка по капка, на лице место не е затекнато присутно лице. Од страна на инспекторите е повикана екипа на ТППЕ Струмица за да се интервенира со цел да се спречи ширењето на чадот.

Изто така денеска во 13:00 часот од страна на инспекторите е затекнато спалено земјоделско земјиште, од чадот што се ширеше се претпоставува дека во пожарот се опфатени и отпади од најлон и пластика.

„Се повикува државниот инспекторат за земјоделие во овој период од годината да излезе на терен, да констатира фактичка состојба и согласно надлежностите што ги има да постапи со соодветни санкции кон сопствениците на утврдените локации кои вршат спалување на земјоделските површини заедно со разновиден отпад кој произлегува од површините кој се обработуваат“, аплира градоначалникот Костадин Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago