Македонија

Филипче: Високите сметки за струја не се поради лошото читање туку поради лошото менаџирање


Високите цени на сметките на струјата не е во лошото читање туку во лошото менаџирање, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија. Тој рече дека во време на светска енергетска криза кога мегават час изнесувал 550 евра граѓаните плаќале поевтина струја од денеска кога таа изнесува 120 евра мегават час. 
„Наводно било читањето во сметките. Па во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ВМРО-ДПМНЕ Гиевски висок функционер. Во ЕВН ХОМЕ тој што ги пресметува сметките е син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митревски и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе каже немаме ние врска со тоа. Не, купуваат струја на пазарот затоа што нема доволно производство, а луѓето и граѓаните во услови кога цената на меѓународниот пазар на берзата е 110-120 евра за мегават час наспроти 550те во наше време за време на енергетската криза, плаќаат 30% поголеми сметки за струја. Кој криминал е тука, пак ќе кажам сите коишто си истражуваат пак да си истражат до крај“, рече Филипче.


Филипче исто така рече дека во 2024 година поради неработењето на хидроелектраната Глобочица владата одлеала милионски суми и притоа тој и порача на владеачката партија наместо обвинувања отворено пред граѓаните да ги каже причините зошто тие плаќаат 3% поскапа струја. 
„Дали знаете дека минатата година околу 240 000 мегават часови помалку произвел нашиот систем, а тоа е капацитетот на хидроелектраната Глобочица. Значи ланската година 2024 за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ како Глобочица да не работела. За тие 240 000 мегават часови се направил увоз, 36 милиони евра ја кошта државата. Е сега субвенционираш комбинат или купуваш струја на пазарот. Значи мора да се инвестира, мора чесно и отворено да се кажуваат работите, а не да се обвинува за криминал“ рече Филипче.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago