Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова оствари средба со припаднички на Армијата, жени кои со својата професионалност, внесуваат нова димензија во вооружените сили

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со припаднички на Армијата, жени кои со својата професионалност, посветеност и истрајност не само што ги уриваат стереотипите, туку внесуваат и нова димензија во вооружените сили.

Полковник Елизабета Наумовска-Петрески, потполковник Александра Доневска, мајор Анета Куртелова и поручник Бојана Филиповска зборуваа за себе, за статусот на жените во Армијата, како и за потребата од нивна поголема застапеност во формациските структури.

Инспирирани од Меѓународниот ден на жената, во искрен и конструктивен разговор тие споделија приказни за својот професионален пат исполнет со предизвици и предрасуди. Ја информираа претседателката дека и покрај напредокот, жените во Армијата се уште не се доволно застапени на клучните раководни позиции и честопати се соочуваат со ограничени можности за едукација.

Претседателката истакна дека во сите тела што ги формирала го применила начелото на паритетна застапеност, не од матријархални побуди, туку заради тоа што не сака да се запостават знаењето, смиреноста и мудроста коишто ги носат жените.

„Треба да ги еманципираме мажите за да ги прифатат жените како рамноправни, оти досега светот беше машки и го видовме резултатот. Верувам дека промените се нераскинливо врзани за женската одлучувачка улога, којашто умее да ги преусмери општествените текови, ставајќи женски печат!“ – посочи таа.

Според неа, нелогично е по 80 години од формирањето на Обединетите Нации да немало жена – генерална секретарка, исто како што е нелогично досега да нема жена – генерал во македонската Армија. Затоа, претседателката Сиљановска-Давкова го охрабрува началникот на Генералштабот во пронаоѓањето креативно решение за жена – генерал.

Во моментов, жените сочинуваат 11.87% од составот на Армијата, што е блиску до просекот на НАТО, но далеку од долгорочната цел од 30% застапеност.

Соговорничките се согласија дека силата на Армијата е во единството, во синергијата меѓу мажите и жените, а родовата рамноправност дополнително ќе го зајакне високиот углед на Армијата. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago