Радовиш

Со помош на Општина Радовиш жителите на село Дамјан, добија вода за пиење

Со помош на Општина Радовиш жителите на село Дамјан конечно добија вода за пиење, откако им беше украдена трафостаницата за напојување со електрична енергија на пумпата за вода. Општината вложи околу 10 илјади евра за решавање на овој проблем со подземен кабел, со цел да се спречи повторна кражба во иднина. Работните активности ги изведе ЈП Плаваја од Радовиш, а денеска градоначалникот Ацо Ристов го посети селото.

Жителите задоволни што проблемот конечно се реши. Велат иако останавме само неколку семејства претежно стари лица сепак водата за пиење и хигиена ни е потребна.

 Тие се надеваат дека наскоро ќе ги преземе ЈП Плаваја за да се грижи за водоводниот систем. Без вода за пиење ова село беше околу три месеци. Пред околу еден месеци жителите се обратија за помош до општината преку мирен протест, при што градоначалникот Ристов се заложи дека ќе им го реши проблемот во најскоро време.

Одлука за финасиска поддршка на овој зафат кој чинеше околу 10.000 евра, најпрво беше донесена на Совет, а потоа се реализираа работните активности.

Инаку селото Дамјан е речиси испразнето, овде живеат дваесетина постари лица кои со задоволсто чекаат некој да ги посети.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago