Положено цвеќе на споменикот во село Гарван по повод 102 години од ,,Гарванскиот Масакар” во Општина Конче
Положено
свежо цвеќе на
споменикот на 28-те
застрелани селани од село Гарван, меѓу кои и три малолетни деца, злостор
извршен без никаква пресуда.
Сојузот на
здруженија на борците од НОВМ и нивните подржувачи од општините Радовиш и
Конче, организира одбележување на 102 години од ,,Гарванскиот Масакар” во
Општина Конче на кое присуствуваше и градоначалникот Златко Ристов.
Инаку
Гарванскиот масакр, е колеж извршен во село Гарван, Општина
Конче, во радовишкиот крај, од страна на воена единица на Кралството
на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица
Матковиќ, како одмазда за смртта на колонистите во
селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО
на 16 јануари 1923 година.
Настанот се
случил кога четата предводена од војводата Иван Јанев-Брло го нападнала
светиниколското село Кадрифаково на 16 јануари 1923 година и убила 23 селани и
членови на нивните семејства. Настанот означувал незадоволство од страна на
Македонците за тешката состојба каде се наоѓале под српска окупација и
насилното колонизирање на други неавтохтони народи на македонските земји. По
нападот, српските колонисти го напуштаат селото. Потоа следи контра масакр на
српските власти, во селото Гарван.
На 2 март 1923 година селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна старица од глетката на труповите од ужас починала на самото место. За настанот имало реакции не само од домашната, туку и од европската демократска јавност.