Работните активности на Градскиот пазар во Радовиш се одвиваат со забрзано темпо. Армирано бетонската конструкција на првиот дел е веќе готова и се отвара фронтот на целиот градски пазар откако се отстранија телекомуникационите кабли кои ја кочеа изградбата, вели градоначалникот Ацо Ристов кој денеска изврши увид во работните активности.
„Градскиот пазар ќе биде гордост на градот, со кој ќе се гордеат радовишани. токму затоа барам уште малку трпение од граѓаните за да го завршиме објектот кој се надевам ќе биде готов до крајот на месец мај годинава и ова лето зелениот пазар ќе се врати овде во едни сосема нови современи услови со нови тезги лифт за дотур на роба и слично“, вели градоначалникот Ристов во интервју за ТВ Кобра.
Ристов се надева дека изведувачот ќе го запази договорениот рок инаку ќе мора да плаќа пенали.
Во вкупна површина од околу 1100 метри квадратни е
предвиден комерцијалниот дел за продажба.
Деловни простории од 25 метри квадратни со можност за комбинации
од 50 метри квадратни и помали простории
од по 16 метри квадратни наскоро ќе бидат понудени на бизнис секторот и на
останатите граѓани во Радовиш кои би сакале да започнат сопствен бизнис,
трговија занаетчии и друго.
Според градоначалникот Ристов најпрво ќе се заврши првата
фаза за да може објектот да се запише во
катастар како готов објект, за потоа да се врши продажба на деловните простории
по пат на аукција.