Протест против отуѓување на земјиште во Пирго-Мокриево, Општина Ново Село на 23-ти февруари
На 23 февруари 2025 година, недела, се планира протест против иницијативата за отуѓување на градежно земјиште во природното богатство Пирго. Групата „Пирго Не Е На Продажба“ повика на масовна присутност на граѓаните за да ја изразат својата несогласност со плановите за продажба.
Според објавата на фејсбук страната, на терен беше поставена табла од Општина Ново Село која детално опишува како може да се инвестира за купување на парцела, како и целосната постапка за отпук. Почетната цена е 1 евро за метар квадратен.
Дополнително, во објавата се наведува: „Ние жителите на Мокриево ја покренуваме иницијативата „Пирго Не Е На Продажба“, со јасна цел – да спречиме уништување на природното богатство Пирго.“ Иницијативата завршува со повик: „Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во заштитата на Пирго.“,
Како одговор на реакцијата на месното население, градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку лично направено видео обраќање од речиси 10 минути, објасни за процесот на откуп на земјиштето, истакнувајќи ги деталите и потенцијалните придобивки од иницијативата, како и сметајќи ја самата реакција e тенденциозна потикната од одредени структури. Во прилог целосното видео од Градоначалникот: