Струмица

Градоначалникот Костадинов: Јас се откажав од зголемувањето на платата кога на јавно избраните функционери им се зголемија платите за 78%, не зимам дневници и се возам со приватно возило.

На својот Фејсбук профил, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја потврди својата решителност и иницијатива да се намалат платите на избраните и именуваните функционери, истакнувајќи дека ова е особено важно во време на високи животни трошоци кога граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај.

“Не се откажувам од мојот предлог за намалување на платите на избраните и именуваните функционери, особено во ова време кога поради високите животни трошоци граѓаните едвај врзуваат крај со крај.И ќе го повторувам се додека не биде прифатен и реализиран, затоа што со оваа мерка ќе направиме многу за граѓаните кои не избраа и веруваа во нас.Јас се откажав од зголемувањето на платата кога на јавно избраните функционери им се зголемија платите за 78%, не зимам дневници и се возам со приватно возило.Во прилог приложувам известување од Секторот за финасиски прашања.Почитуван Градоначалник Костадин Костадинов, на Ваше барање во име на Секторот за финасиски прашања Ви ги доставуваме следните иформации:​1. Во однос на користење на патни и дневни трошоци за патување во земјата и странство изјавуваме дека за патување во земјата не се изготвуваат налози за патување и не се исплаќа дневница ни на Вас ниту на Вашиот возач. За патување во странство се изготвува налог и решение за патување во странство, но во овие документи потпишани од Секретарот на општината, нагласено е дека се откажувате од дневниците за соодветното патување.​2. Во однос на користење на службено возило за патување во земјата и странство изјавуваме дека не користите службено возило туку приватно.​3. Во однос на Вашата плата го изјавуваме следното:- Со Вашето стапување на должност од месец ноември 2021 година Вашата плата е пресметана согласно важечкиот коефициент од 3,2.​- Со Одлука на Уставен суд со кој се укина одредба од Законот за плати за коефициентите на плати која била донесена во 2012 година, а оспорена од адвокат, со која се овозможи на јавно избраните функционери да им се зголемат платите за 78% Вашата плата на Ваше барање не беше зголемена иако имавте право да се постапи согласно Одлуката.​- Со измените во Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (Сл. Весник бр 51 од 29 февруари 2024 година се намалува Вашиот коефициент од 3,2 на 2,79 и при тоа е направено усогласување на Вашата плата со истовремена промена на основицата која се користела дотогаш од 26.755,00 денари со основицата на просечната плата исплатена во 2023 година од 36.614,00 денари и при тоа платата ви е зголемена од 59.485,00 денари на 70.790,00 денари односно за 11.305,00 денари.​- Со измените во Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (Сл. Весник бр. 272 од 27 декември 2024 година се намалува Вашиот коефициент од 2,79 на 2,47 но при тоа не е направено усогласување на Вашата плата со истовремена промена на основицата од причина што основицата за просечна плата исплатена на ниво на Македонија за претходната односно за 2024 година официјално се уште не е објавена.Од срце за мојата Струмица!”

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago