Во Општина Конче, каде што тутунот се смета за “жолто злато,” дел од годишниот род остана неоткупен поради прераното заминување на откупните фирми обвинуваат од ОО СДСМ Конче во својата facebook објава https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0ipCEQckaSHFRKSsYNfwMCk5hZWodsXBqbvhgWbiEgpTKoxv5WBJzsyc1uP1Ji8Wql&id=100067506431631 . ОО СДСМ Конче изрази длабоко разочарување од овој настан, посочувајќи дека во Конче, каде што тутунот е главната земјоделска дејност и секоја година се произведуваат околу милион килограми висококвалитетен тутун, дел од производството остана неоткупено по 20 јануари.
Според изјавата на ОО СДСМ Конче, разочараноста кај тутунопроизводителите е особено насочена кон локалната власт на ВМРО во Конче, која не преземала никакви мерки за решавање на овој проблем. Дополнително, тие ја критикуваа ВМРО за неисполнување на ветувањето дадено во опозиција, кога ветуваа дека тутунот ќе се откупува по цена не пониска од 600 денари. Сега, дел од тутунот остана неоткупен, што според нив, е апсурд и предизвикува големо незадоволство кај тутунопроизводителите.
Објавата во целост: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0ipCEQckaSHFRKSsYNfwMCk5hZWodsXBqbvhgWbiEgpTKoxv5WBJzsyc1uP1Ji8Wql&id=100067506431631