Каков воздух дишат радовишани, мерната станица не покажува
Пред околу три и пол години Радовиш доби мерна станица која ќе го мери квалитетото на водухот, но таа денеска не покажува вакви податоци. Тогаш се најави дека и радовишани ќе можат да проверат каков воздух дишат. Инсталирани беа две мерни станици за собирање на податоци за квалитетот на воздухот, температурата и други метеоролошки податоци во градот. Имајќи предвид дека утринава Радовиш беше завиен во магла, со право радовишани се интересираа за квалитетот на воздухот. Но при отворањето на линкот за да се провери како е квалитетот на воздухот нема податоци.
Мерните станици беа поставени во 2021 година и со овој проект требаше да се овозможи граѓаните и институциите да имаат
целосен и точен преглед на загадувањето на воздухот и други параметри кои
влијаат на животната средина и квалитетот на живеење. Денеска вакви
податоци не можат да се добијат. Утинава на посочениот линк имаше податоци само
за Крушево каде воздухот е чисти со ниско ниво ПМ суспендирани честисчки од 24 и за Куманово
каде воздухот е нездрав за дишење со ПМ суспендирани честички 50 мг/м3.
Загадувањето на воздухот е една од најголемите закани по здравјето на граѓаните, посебно на децата во Македонија.
Скопје често се наоѓа високо на листата на најзагадени градови во светот, а просечните нивоа на ПМ суспендирани честички во воздухот го надминуваат безбедниот праг повеќе од 100 дена во годината. Другите градови како Кавадарци, Струмица и Кочани исто така имаат висока аерозагаденост, посебно во зимските месеци.
Викендот во Струмица се одржа голем протест против загадувањето на воздухот. Граѓаните бараа чист водух за дишење.
Состојбата со аерозагадувањето во Радовиш можеше да се следи наследниот линк: www.ekodata.live