Радовиш

Успешни мали бизниси во Радовиш преку мерката за самовработување

Со финансиска поддршка преку проектот за самовработување успешно работат неколку мали бизниси во Радовиш, Програмата се спроведува во заедничка соработка на Министерството за економија, Агенцијата за вработување и УНДП.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска беше во посета на два успешни бизниси во Радовиш со цел да ги види резултатите од овој проект.

Министерството за економија како што рече Ристески, веќе ги подготвува новите програми и мерки кои наскоро ќе бидат објавени и ќе бидат по поволни.

Танкица Крстев е една од оние кои оформирле сопствен бизнис преку проектот за самовработување.  Со финансиска поддршка  од 5000 евра преку АВРМ отворила козметички салон и целосно го опремила.

Мерката се реализира преку Агенцијата за вработување од каде и даваат  поддршка на младите за отворање мали бизниси, ги стимулираат и им држат обуки. Годишно се регистрираат од 10 до 16 мали бизниси со поддршка од државата.

Моби  Шоп Серџо е уште еден успешен пример како од тезга и сива економија се доаѓа до сопствен, легален бизнис. Тој успешно работи веќе две години и им сопствен салон за мобилна галантрија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago