Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш по втор пат се спроведува Access програмата, двегодишна програма за учење на англиски јазик
Во СОУ Коста Сусинов во Радовиш по втор пат се спроведува Access програмата, двегодишна програма за учење на англиски јазик во која се вклучени 20-тине ученици од прва, втора и трета година, под менторство на професорките по англиски јазик Катерина Сусинова и Наташа Спасевска.
Access
програмата е, финансирана од Амбасадата на САД во Скопје, а ја спроведува
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО Скопје).
„Во
нашиот град по втор пат се спроведува оваа програма, првата група беше од 2020
до 2022 година, а со оваа група се започна во Октомври 2024 и ќе трае до
Октомври 2026 година. Наставници – ментори се професорките по англиски јазик
Катерина Сусинова и Наташа Спасевска“, рече професорката Спасевска.
Групата од 25 ученици се вклучени во часови и работилници два пати неделно, кои се вон-наставни, кои се одвиваат со примена на современи и интерактивни методи. Исто така програмата нуди и други активности, како на пример посета на институции, посета и соработка со други градови во нашата држава каде што се спроведува истата програма, летен камп за учениците и сл. Целта на Access (аксес) програмата е да се промовираат социјална инклузија и емпатија, почит и толеранција на различни култури и вредности, со ставање акцент на тоа дека сите сме еднакви, појасни професорката Катерина Сусинова.
Кај
учениците се развиваат вештини на комуникација и соработка, критичко
размислување и креативност. Се учи за културата, вредностите и начинот на живот
во САД, и се прави споредба со нашите културни вредности и традиции.
На 26ти
јануари Аксес учениците имаа можност да присуствуваат на концерт на
американскиот бендNever Come Down во Струмица кои изведуваат блу грас музика, тоа
е одделен жанр на кантри музиката. Учениците се запознаа со останатите групи
Аксес од Пробиштип, Велес и Струмица. Концертот се одржа во Струмица, како
почетна активност за добредојде на учениците од Струмица кај кои за прв пат
почнува со работа оваа програма Аксес.
Учениците задоволно од Аксес програмата ги споделија своите искуства.