Мирен протест на жители од село Дамјан, два месеци немаат вода за пиење поради кражба на трафостаница, Општина Радовиш трајно ќе го реши проблемот
Жители од село Дамјан денеска се собраа на мирен протест пред Општина Радовиш со цел да изразат револт но и да побараат решение на проблемот со вода за пиење, кој го имаат речиси два месеци. Проблемот настанал по извршена кражба на делови од трафостаницата, од каде се обезбедува електирчна енергија со која работи пумпата.
Покрај решавањето на проблменот тие бараат водоводот да биде преземен од ЈП Плаваја, Радовиш бидејќи како што вели Маринко Коцев, како претставник на жителите, нема кој повеќе да се грижи за оваа работа, затоа што во селото не остануваат млади луѓе.
-Во селото Дамјан живеат околу 40 жители пред се возрасни и стари лица, кои бараат овој проблем да биде решен што поскоро, вели Коцев во изјава за ТВ Кобра.
Инаку со водоводот досега стопанисува селото и не е под надлежност на општината. Тие бараат и тоа да се реши и да го преземе ЈП Плаваја. Претходно ваков проблем со кражба имало во 2012 година и до сега немало проблем.
Градоначалникот Ацо Ристов оствари средба со жителите и им понуди решение на проблемот кој ќе ја чини општината околу 300.000 денари.
„И да го купиме нова трафостаница никој не гарантира дека повторно нема да се случи кражба, затоа предложив проблемот да се реши со подземен кабел кој ние ќе го обезбедиме со цел да им помогнеме на жителите во село Дамјан“, рече градоначалникот. Тој додаде дека лично ќе се заложи ЈП Плаваја да го преземе водоводот во Дамјан.
„На следната седница во петок лично ќе иницирам водоводот да го преземе ЈП Плаваја, бидејќи тоа е и наша генерална одлука, вели градоначалникот Ристов.