Струмица

Нови контејнери за електронски отпад во Струмица, бидејки во старите се фрлаше секаков вид на отпад

Општина Струмица изврши промена на веќе воспоставениот организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии, со нови контејнери за електронски отпад бидејки старите ја немаат повеќе својата функција и во нив се фрлаше секаков вид на отпад, информираат од општината.

„Апелираме до граѓаните на Општина Струмица правилно да го одлагаат електронскио отпад во овие контењери. На самите контејнери има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив“, велат од општината.

Општина Струмица паралелно на овие активности изврши и едукација на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата.

Сакаме заеднички да допринесеме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да мотивираме повеќе луѓе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад, апелираат од Општина Струмица.

Ова активност е во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје, а контејнерите се поставени на нови дванаесет локации низ градот, пред основните и средните училишта пред градинките и пред  општинската зграда во Струмица.

ОУ Сандо Масев –ул.Моша Пијаде бр.8

ОУ Видое Подгорец – ул.Први Мај бр.34

ОУ Никола Вапцаров – ул. Ценка Павлова бр.1

ОУ Маршал Тито – ул. Кирил и Методиј бр.26

СОУ Јане Сандански – ул. Моша Пијаде бр.2

СОУ Никола Карев – ул.Маршал Тито 170

СОУ Димитар Влахов ул. Гоце Делчев бр.17

Градинка Виножито ул.Атанас Јанев бр.6

Зграда на Дом на АРМ ул. Благој Јанков Мучето бб

Зграда на Општина Струмица ул. Сандо Масев бр.1

Градинка Детска Радост ул Младинска бр.1

Градинка Детска радост (клон 6) ул. Малдинска бр.122

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago