Конче

Одржана третата форумска сесија во Општина Конче, граѓаните поддржаа два проекти

„Уредување на дивите депонии“ и „Современо изнесување на смет“, се двата предлог проекти кои граѓаните на Општина КОНЧЕ на третата Форумска сесија ги предложија за понатамошно унапредување и гласање на четвртата сесија. Двата проекти се однесуваат на одржување на чиста и здрава животна средина и беа презентирани од страна на предлагачите.

Проектот со која ќе се обезбеди возило за собирање и депонирање на отпад, ќе се реализра со средствата обезбедени во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада, УНДП и  Министерството за локална самоуправа. Градоначалникот Златко Ристов вели дека и двата проекти се од големо значање за Општина Конче и за подобрување на условите за работа на ЈКП Лакавица.

Овие два проекти, главно поврзани со животната средина, предвидуваат и медиумска кампања, подигање на јавната свест на граѓаните за зачувување на околината, примена на казни за недисциплираните граѓани во овој сегмент  и слично, за кои граѓаните дадоа поддршка.  

Проектот уредување на велосипедска патека на езеро Мантово на доби поддршка но останува како готов проект за понатамошна реализација од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago