Босилово

Елеуса Фондација, организира хуманитарен Концерт на добрината во Босилово со цел да му помогне на Наце Ристов за лекување во Турција

Драги наши браќа и сестри, во моментов сме му најпотребни на Наце Ристов од Едрениково кој се наоѓа на лекување во Турција. Наце боледува од карцином на лимфните жлезди и веќе некое време се бори со оваа болест. Елеуса Фондација, со цел да помогне во собирање средства за неговото лекување, организира хуманитарен Концерт на добрината и сите собрани средства ќе ги донира за лекувањето на Наце. Повторно Ве замолуваме, сите заедно, да му помогнеме да се избори со оваа тешка и макотрпна борба и да ја извојува најголемата битка во својот живот. На 12 јануари 2025г. 18:00 часотДом на култура, Босилово.

,,Драги мои хумани луѓе ви благодарам што досега ме подржавте да успеам да дојдам на лекување во Турција.Но пак сте ми потребни бидејќи лекувањето чини повеќе од тоа што го кажаа на почетокот. Веќе сум примен во болницата во Турција, третманот што ќе го добивам се состои од хемотерапија и трансплатација на матични клетки од донор, со што сумата порасна. Лекарите почнаа со испитувања за да може да почнам со хемо побрзо, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите.Ве замолувам кој колку може да помогне за да се излекувам и да се вратам здрав и жив назад и да се радувам на семејството, на моите две златни ќеркички.” – Наце Ристов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago