Македонија

ЦУ: Запленети 754 парчиња очила за сонце, фалсификати со потпис на познати брендови со потекло од Кина

Царинска управа во текот на изминатите денови спречила криумчарење на пиротехнички материјали, лекови, половина тон маслиново масло, очила за сонце фалсификати, парфеми и облека.

– Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот пазар. Пиротехничките материјали се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Белановце.  До надлежното Основно јавно обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави до сторителите заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

– Во царинската испостава Скопје 1, царинските службеници запленија 754 парчиња очила за сонце, фалсификати со потпис на познати брендови со потекло од Кина. Декларираната вредност од едно парче очила изнесувала 1,14 долари и истите требале да се продаваат на македонскиот пазар како оригинали. Очилата се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Кавадарци, пријавена за увозно царинење. Поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост истите се запленети, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Мобилен тим спречи обиди за криумчарење на 1.100 таблети (REQUIP XL од  2mg, NEXIUM од 40mg, GALVUS Met од 50 mg, JARDIANCE од 25 mg), 149 парчиња инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml, како и 10 креми BACODERM од 15 mg и четири инјекции DEPOSELIN од 2.400.000 IU. Истите се пронајдени замотани во завесите, како и во вентилацијата на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Турција – Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– Запленети се 9.296 таблети и 3.850 парчиња гел од 100 мг за потенција со вкупна вредност од 1,4 милиони денари откако истите се пронајдени при контрола на автомобил на граничен премин Богородица. Лековите се пронајдени во багажникот на автомобилот, инаку со германски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле двајца турски државјани.

 Мобилен тим на граничен премин Блаце спречи криумчарење на 560 килограми маслиново масло пронајдено во багажниот простор на автобус со албански регистарски таблички, кој сообраќал на релација Тирана – Брисел.

– 29 парфеми, 48 паричници, 17 комплети тренерки и 30 пара обувки, со ознаки на познати светски марки се пронајдени во просторот за багаж и во просторот за одмор на возачи на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

– Три ловечки пушки и 324 патрони ловечка муниција се откриени на излез од државата на граничен премин Табановце при контрола на возило извршена од мобилен царински тим.  Оружјето е пронајдено под душекот на импровизиран кревет во патничко комбе со грчки регистарски таблички со кое патувал грчки државјанин во придружба на неговото семејство.


– Непријавени автоделови со вредност од над 200 илјади денари се откриени од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камионот и истите се запленети.

– Мобилен тим заплени употребувани гуми, по извршена контрола на камион натоварен со стока од Швајцарија, наменета за увозник од Скопје. Камионот бил пријавен за увозно царинење во царинска испостава Скопје 2, каде е утврдено дека дел од стоката не е опфатена со царинската декларација. 

– На влез во државата на граничен премин Табановце е спречено криумчарење на 275 парчиња ножици за кроење, како и делови за ножици.  Истите се пронајдени во кутии коишто биле скриени помеѓу седиштата на возилото.

– Мобилен царински тим и Службата за мобилни скенери на наплатна станица Росоман сопреа автобус за контрола во којшто открија поголема количина производи за кои не се платени увозни давачки. Станува збор за 50 литри масло од црно семе, шампони, над 120 парчиња облека, 25 женски чанти и 49 штеки цигари без акцизни маркички кои се откриени во каналите за вентилација на автобусот, под седиштата и во багажниот простор во автобусот. Возачот, македонски државјанин кој се пријавил како сопственик на производите, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки за  истите.

– Осцилациона и вибрирачка опрема што се користи во индустријата со вкупна вредност од 357 илјади денари е откриена од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавената опрема е пронајдена во приколката наменета за багажот на автобусот, инаку со македонски регистарски таблички,  управуван од македонски државјанин.

– Два лед телевизори се пронајдени во товарниот дел на комбе со белгиски регистарски таблички, управувано од белгиски државјанин, кое што се пријавило како празно на влез во државата на граничниот премин Блаце.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago