На крајот од 2024 година Општина Конче со повеќе активности, најголемо внимание на најмалите
Претпоследниот
ден од 2024 год. Општина Конче со повеќе активности. Градоначалникот Златко Ристов ги
посети сите институции и ги израдува најмалите кои пак го пречекаа со прекрасно организирани приредби по повод Нова година. Тој го посети
ОУ Гоце Делчев и притоа им подари новогодишни пакетчиња на најмалите.
Благодарност
до наставниот кадар и родители кои денот ни го направија посебен, вели
градоначалникот Ристов.
Кој додава дека прекрасен момент доживеал и при посетата на детска градинка 12 јули
,со најслатките дечиња.
„Никого не забораваме , организиравме доделување на пакетчиња на останатите дечиња во Конче.
*Секоја чест
на истакнатите фудбалски имиња од Општина Конче кои не претставуваат пошироко,
а се надеваме дека во иднина ќе ги видиме на врвот од фудбалот.Во таа пригода
им доделуваме ваучери за успеси во нивните настапи.
Борачите од БК “Бучим-Шампиони” не почестија со нивното присуство , на кој исто така им доделивме ваучери за сработеното во 2024 год. , кои ни ветија дека продолжуваат и во наредната година со резултати на домашно и меѓународно поле.
Посебно сме горди на Спасе Манољев кој исто така нанижа резултати во областа на боди-билдингот“ веле градоначалникот Златко Ристов.
„За крај на денешниот ден одржавме состанок со претставниците на Горици Оператива , нашите доброволци кои за жал беа присутни изминатата година на сите пожари , на кои изразуваме голем благодарност за сработеното , а за возврат ветуваме механизирање на истото здружение“ додава Ристов.