Изложбен собир на колекционери на спортски и останати предмети за прв пат се одржа во Македонија и тоа во Радовиш
Macedonia Collectors Show, настан кој се одржа за прв пат во Македонија, на 21-ви Декември 2024-та година во Радовиш и имаше за цел да ги собере на едно место најголемите колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми и сродна меморабилија. По саемот Zagreb Card Show кој се одржа на крајот на Февруари 2024-та година во Загрев, ова беше втор настан организиран на балканскиот полуостров и тоа токму во Радовиш. Изложбата ја организира Игор Петков од Радовиш колекционер, кој својата богата колекција од спортски предмети за прв пат ја изложи пред радовишани.
Настанот
практично претставуваше изложбен собир на колекционери од спортски и останати
предмети во Македонија. Најголемите колекционери ширум целата држава го
посетија Радовиш и со своите квалитетни и многубројни колекции дадоа придонес
во успешна промоција.
Од бројните посетители најзастапени беа најмладите и како
таргет група беа успешно опфатени и инволвирани како од информативен така и од
едукативен аспект. Со контрибуција на локални правни субјекти сите деца кои беа
присутни, имаа можност бесплатно да добијат пакетчиња со сликички од
историскиот албум на Панини во кои за прв пат ги има и македонските
репрезентативци.
Во рамки на настанот, сите посетители имаа можност да
учествуваат во изложба на ретки, уникатни и занимливи предмети од историјата на
светското и македонското фудбалското колекционерство. За време на настанот се
одржа и првото заедничко отварање на ретка и елитна хоби колекција, достапна
само на надворешниот пазар.
Настанот беше поздравен со видео пораки од Џани Белини од
Италија, официјален амбасадор на Панини и човекот кој ја поседува најголемата
колекција во светот, како и Иван Гашперт од Хрватска организатор на првиот
регионален саем Zagreb
Card Show.
Специјални гости на настанот беа Диме Димов, Јовица Трајчев, како и Иван Николов капитен на младинската У-21 репрезентација. Настанот се одржа во Кафе бар 66, а влезот беше слободен за сите посетители.
Игор Петков до сега има учествувано на првиот регионален саем на колекционери во Загреб, кој се одржа на крајот на Февруари 2024-та година со изложба на својата колекција од македонска фудбалска историја, на поканата од неговиот пријател Иван Гашперт и како единствен македонски претставник ги изложил сите предметите кои датираат од 1968 година. Имајќи го предвид периодот во кој заедно бевме држави членки на СФРЈ, кај колекционерите од Хрватска имаше огромен интерес за колекциите од ЈУ-Фудбал. Исто така до сега со сопствен извор на финансии ги имам посетено соодветните настани во Будимпешта и Виена.