Радовиш

Новогодишната бајка во центарот на Радовиш која ја подготвуваа ученици и вработени од училиштата и градинките не ја преживеја ноќта

Во пресрет на новогодишните празници, со цел доловување на новогодишната магија и во Радовиш, основните училишта и градинката од градот, во договор со Општината беа активно вклучени во украсувањето на градот.

За таа цел наставниците, воспитувачите и учениците напорно работеа месец дена наназад. Вчера по договор први својот дел почнаа да го средуват вработените од градинката и од ООУ” Крсте Петков Мисирков” украсувањето требаше да продолжи и за време на викенд за да може веќе во понеделник децата да се радуваат на новогодишната бајка.

Но, бајката вчера вечер од непознати причини и непознати сторители доби друга димензија. Сликите од пред и потоа зборуваат повеќе од било кој текст. Зошто? Е прашањето кое бара одговор Кој ? E второто прашање кое се наметнува?

Како и да е, овој немил настан кажува дека самите ние граѓаните на Радовиш не си го сакаме почитуваме и цениме нашиот труд. Наместо да се радуваме , сега ние ќе бараме винвници. Луѓето кои работеа на украсувањето на овој дел од градот се фрапирани и разочарани од овој вандализам, на уништувачите им порачаа дека тие го уништија трудот на нивните мајки, наставници, браќа, сестри и другари.

Но, исто така порачаа, децата се нашите најважни сограѓани и тие сепак од понеделник натаму ќе ја почувствуваат новогодишната магија, затоа што никој не може да уништи толку многу, колку што можат да создадат вредните учителски и детски раце.

Од вчера пред поранешна Стоковна куќа која наскоро ќе биде реконструирана и претворена во Градска куќа „Рада“, е поставен и автобус украсен од вредните раце на децата и наставниците и кој во текот на Новогодишните празници ќе има сосема друга намена. Па се поставува прашањето што да се очекува, дали ќе остане онаков каков што е, или и автобусот ќе го демолираат? Засега, е баш симпатичен и го привлекува вниманието на сите минувачи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago