Струмица

Миле Цеков: Набавка на ново амбулантно возило за потребите на Здравствен дом Струмица, реконструкција и модернизација на зградата

„После реализирање и решавање на проблемот со Дојранското езеро, втор приоритет на Движење ЗНАМ – Струмица кој го реализираме е набавка на ново амбулантно возило за потребите на Здравствен дом Струмица , реконструкција и модернизација на оваа здравствена установа која е во многу лоша состојба“, објави пратеникот Миле Цеков од Струмица на социјалнирте мрежи.

„Во контактот што го остварив со повеќе амбасади, побарав поддршка за реконструкција на фасадата на цела установа и истата ви ветувам до крајот на годината ќе ја реализираме. За 4 месеци новиот менаџмент во Здравствен дом Струмица набави ново амбулантно возило, започна со обновување на покривот кој протекуваше, започна со обновување на паркиралиштето кое беше полно со дупки, почна со обновување на дел од внатрешните простории…За само 4 месеци граѓаните ќе видат дека со остаток на буџетот од 2024 година ќе се направи повеќе од она што се правело за целогодишни буџети претходно. Честитки за сите вработени во Здравствен дом и до директорот Др Сашо Молчанов!“, стои во објавата на пратеникот Цеков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago