ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш го одбележа својот патронен празник со повеќе активности
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш го одбележа својот патронен празник со повеќе активности. По тој повод синоќа се одржа Свечена академија на учениците и наставниците на која се претставија со музички и драмски настап. Учениците со гордост зборуваат за својот патрон Крсте Петков Мисирков, а пригодно обраќање имаше и директорката на училиштето Гордана Здравкоска.
Учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ ги воодушевија присутните родители наставници и останати гости, со својот драмски приказ каде на шеговит начин прикажаа како им поминуваат часовите.
Патрониот празник училиштето го одбележа и со други културни и спортски активности од натпреварувачки карактер.
Во рамките на одбележувањето на Патронот на ООУ “Крсте Петков Мисирков’, денеска беше органзиран пригоден коктел на кој беа прогласени и наградени најуспешните и најдобрите од ликовно – литературниот конкурс и спортските натпревари.
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ додели и благодарници на своите соработници и поддржувачи од јавниот и општествениот живот како и од приватниот сектор. Благодарница беше доделена и на Општина Радовиш, кој ја прими градоначалникот Ацо Ристов кој притоа има се заблагодари и им го честити патрониот празник на сите ученици и наставници.