Конче

Утре во Културен дом во Конче ќе се одржи првата форумска сесија- „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“

Во среда на 20 ноември во Културен дом во Конче ќе се одржи првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“. Општина Конче ги поканува сите граѓани активно да се вклучат во форумските сесии и да учествуваат во изборот на проектите кои ќе бидат реализирани.

Во рамките на предвидените форумски сесии граѓаните ќе дискутираат за проблемите кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат прокетни идеи за предлог проекти. Од овие идеи за предлог проекти учесниците на форумот ќе ги изберат оние проекти кои ќе бидат реализирани од проектниот фонд.

На последната сесија граѓаните ќе бидат информирани за реализацијата на избраниот или избраните проекти и за препораките. Темата за која ќе се подготвуваат проекти ќе ја изберат граѓаните на првата форумска сесија која ќе се одржи утре.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов ги поканува граѓаните да земат актино учество.

„Почитувани граѓани на Општина КОНЧЕ , Ве поканувам на првата форумска сесисија во рамките на програмата за,, Зајакнување на Општинските Совети” , подржана од Министерството за Локална Самоуправа , УНДП и Швајцарската Агенција за Обнова и Развој. Сите заедно да го дадеме најдобриот предлог проект кој ке биде во функција на сите граѓано на Општина Конче“ стои во поканта од градоначалникот Ристов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago