Со свечена академија Радовиш го заврши чествувањето на 6-ти Ноември 80 години од ослободувањето
Со свечена академија на која беа доделени шестоноемвриските признанија и плакети заврши чествувањто на 6-ти Ноември, 80 години слободен Радовиш.
„Дали достојно и се оддолживме на сите оние генерации кои го жртвуваа својот живот за слободен Радовиш“, рече Градоначалникот Ацо Ристов во своето пригодно обраќање пред присутните.
Шестоноемвриските признанија и плакети на овогодишните добитници им беа додлени од страна на Градоначалникот Ацо Ристов, Претседателот на Советот Страхил Гавритов и членот на Советот Аница Бораниева Атанасова.
Шестоноемвриските признанија беа доделни на:
1.Клуб на
млади при општинска организација на Црвен крст – За континуирани хуманитарни
активности
2. ТППЕ –
Радовиш – За висока професионалност во службата
3. Нижите
паралеки за музичко образование при ООУ „Никола Карев“- За долгогодишна успешна
соработка и афирмација на општина Радовиш
4.
Александар Ицов – За достигнување во областа на фолклорот, културата и
афирмација на општина Радовиш
5. Живко
Андонов – За долгогодишна дејност и развој на спортот
6. ТВ КОБРА
– За долгогодишна успешна дејност, соработка и афирмација на општина Радовиш
7. БИТЕМ
ДООЕЛ, Скопје – За висока општествена одговорност, донирање и афирмација на
општина Радовиш
8. Месара и
скара „Столе“ – За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
9.
Часовничар „ЗЕНИТ“ – За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
10. Супер
Хит 1 ДООЕЛ – За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата
11. ФК
Детонит Плачковица – За развој на младинскиот спорт
Шестоноемвриските ПЛАКЕТИ добија:
1. Д-р
Роберт Велков – ЖИВОТНО ДЕЛО
2. СОУ
„Коста Сусинов“ – За 60 години постоење и успешна образовна дејност
3. МПЦ
Брегалничка епархија – За континуиран развој на духовните вредности
4. На Проф.
Д-р Вачно Чифлиганец –
ЖИВОТНО ДЕЛО
5. Рудникот БУЧИМ – Особен придонес во развојот
на општината
6. Илија
Симеонов – ЖИВОТНО ДЕЛО – Постхумно
Свечената академија беше збогатена со пригодна културно уметничка програма во која уживаа присутните.