Радовиш

Досега во Радовиш се вакцинирале околу 600 граѓани против сезонски грип, гужви имаше и денеска

Во тек е вакцинацијата против сезонски грип  и досега во Радовиш се вакцинирале 600 лица. Гужви и денеска  пред ХЕС службата каде се врши вакцинација што покажува дека има интерес кај граѓаните.

Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна и по желба на граѓанинот, но има интерес и досега бесплатна вакцина примиле околу 600 лица, а очекуваме да се вакцинираат над 1000 лица од oпштините Радовиш и Конче, вели доктор Вецка Арабаџиева од ХЕС Слубата во Радовиш.

Акој некој сака да се вакцинира, а не влегува во ризичната група вакцинацијата чини 700 денари и досега во Радовиш  се вакцинирале 15-тина лица.

Вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за ризични групи во кои спаѓаат:

  • Стари лица (над 65 години)
  • Лица со хронични заболувања
  • Здравствени работници
  • Бремени жени
  • Деца на возраст од 6 месеци до 5 години

Министерството за здравство вчеар информира дека досега над 61.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, од кои над 19.000 веќе ја примиле дозата.

Од таму најавуваат дека во следниот период мобилни тимови ќе започнат со вакцинација во домовите за стари лица.

Граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин  со пополнување на формата преку веб страницата – vakcinacija.mk.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс  добиваат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат.

Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago