Радовиш

Потпишан договорот за реконструкција и пренамена на Стоковната куќа во Радовиш во мултифункционален центар

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов вчера во Владата го потпиша договорот за користење на финансиски средства предвидени за капитални инфраструктурни проекти од областа на културата.

Договорот опфаќа „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален центар со музејска поставка“ – со ова ќе се реши повеќе деценискиот проблем со старата Стоковна куќа која ќе прерасне во еден прекрасен мултифункционален објект – истакна Градоначалникот Ристов.

Премиерот Мицковски истакна дека: „Ова е клучното ветување до граѓаните кое е доказ за посветената работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани. Ова е историски најголемата инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици. До општините апелираше да изработуваат квалитетни проекти„.

Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со ресорните министри и градоначалниците на општините, ги потпишаа договороте за првата транша од 250 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални проекти во општините.

Договорот со Општина Радовиш беше потпишан од страна на Градоначалникот Ристов и Министерот за култура Зоран Љутков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago