Одржана 54 седница на Советот на Општина Радовиш, се водеше дискусија по повеќе точки
Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 54 седница со дневен ред од 24 точки. На почетокот советникот Панче Николов постави советнички прашања упатени до директорот на ЈП Плаваја, кои се однесуваат на јавнара хигиена во општината, за кои очекува службите да побараат одговор.
Во продолжение беше изгласана Предлог одлуката за ослободување од партиципација на деца роми, во ЈОУ ДГ „Ацо Караманов“, Радовиш за што имаше дополнителен предлог од Советничката Анива Бораниева – Атанасова, да бидат ослободени и деца од загрозени семејства од македонска националност.
На седницата беше усвоено и барањето од ОУ „Никола Карев“, Радовиш, во кое директорот на училиштето бара од општината да се изнајде решение на проблемот со оштетувања на дворните површини и на урбаната и спортска опрема.
Во продолжение на седницате беа усвоени и останатите Предлог одлуки како што беа предлог одлуките за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ по пат на електронско јавно наддавање, предлог одлуки за одобрување на финансисики средства, предлог програма за изработка на измена и дополнување на урбанистички планови на подрачјето на општина Радовиш за 2024 година и други предлог одлуки, меѓу кои и Предлог- одлуката за измена на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година.