Викендот се одржа традиционалниот „фестивал на смоларски костен“ КОСТЕНИЈАДА 2024 кај Смоларски водопад
Викендот се одржа „фестивалот на смоларскиот костен“ КОСТЕНИЈАДА 2024, во подножјерто на планината Беласица кај Смораскиот водопад. Традиција која се негува со години посветена на промоција на смораскиот костен.
Прекрасна атмосфера со многу народ, меѓу кои беа и Премиерот на Владата Христијан Мицкоски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, Викарниот Епископ Јаков Стобиски и посетители од целата држава и регионот, а срдечно добредојде им посака градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов.
„Чест ми е што веќе трета година по ред, во подножјето на оваа стара грамадна планина, на оваа преубава Беласица можам да Ве предводам во заедничко уживање на најубавите костени кои ни ги дава нашата мајка природа.Илјадници чизми ја имаат газено, десетици окупатори ја имаат владеено, најразлични генерации ја имаат вкусено, но таа одново и одново се издигнува и за новите генерации повторно своите плодови ги дарува. Секој свесен човек знае дека оваа Божествена природа ни дарувала несебично. Ни дарува нај чист воздух, вода и здрава храна. Ни го дарува и Смоларскиот костен. Таа не бара од нас ништо посебно. Беласица е симболот со кој општина Ново Село е препознатлива во светот. Беласица е сведок за бројните премрежја на македонскиот народ низ вековите наназад, но Беласица е сведок и како една искра роди Сонце, како пред 131 година се роди идеја, која ние денес слободно и гордо ја живееме.
Идеја за која нашите прадедовци и животите ги положувале, а сега ние сме генерации што можеме да ја водиме и да се чувствуваме свои на своето. После долги години борба, дојде време кога паметни луѓе искрено ја спроведуваат оваа идеја на нашите предци. Луѓе способни и учени, луѓе родољуби. Доста и беше на оваа мајка Македонија тапкање во место, доста и беше на оваа мајка Македонија, неверства и предавства.
Искрата која пред 131 година роди Сонце, годиниве пред нас уште посилно ќе сјае за убав и достоинствен живот на сите Македонци и народи кои живеат во оваа наша Македонија. Земајќи пример од овие паметни луѓе, родољуби, и јас како млад и одговорен човек по цена на лична жртва, макар и пред закани на оган и непогоди вложувам максимална енергија и барам гаранција за чување на овие природни дарови и се залагам за нивна широка промоција. Македонците каде и да се во светот секаде гордо нека зборуваат за историските факти за нашиот народ, за нашата борба, за нашата држава.
Нека зборуваат и за сите природни дарови кои ги имаме и за несебичната жртва која сме спремни да ја дадеме за да ги зачуваме. На овој голем христијански празник посветен на Св. Апостол Тома, сакам да го честитам и празникот на сите градители на Македонија, но и на оние кои сеуште со неверување гледаат дали конечно ќе ја изградиме Македонија во достоинствено место за живеење, да им посочам еве следете како сега работат учените луѓе, родољуби, следете ја енергијата и љубовта кон татковината која ја вложуваат, следете ги резултатите и ќе поверувате. Горд сум што еве денес првиот родољуб кој ја води нашата Македонија, е помеѓу нас. Искрата ќе ја видите како јасно и силно Сонце“ рече градоначалникот Божинов во својот говор.
Испечени беа стотици килограми костени, а беа подготвени и специјалитети од костени кои ги фкусија присутните.
Андријана Јаневска ги наполни душите на присутните со прекрасна музика и песна, Ѕвезди бенд и гордоста на Ново Село КУД Јане Сандански.