Босилово

Есенска Штрапаријада во село Сарај на ранч Џоканов, ќе се одржи следниот викенд

Ранч Џоканов се подготвува за одржување на есенска Штрепаријада следниот викенд на 19 и 20 октомври во Село Сарај. Џоко Мирчев -Џоканов најавува целодневен спектакуларен настан. Станува збор за меѓународна штрапаријада  на која ќе присуствуват и гости од Србија и од Бугарија.

Штрапаријада е настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци. Во Сарај ваков натпревар се одржува по шести пат. Организаторот Џоканов ги поканува сите зинтересирани да бидат дел од оваа штрапаријада следниот викенд, и да  уживаат во природа.

За сите присутни со влезница од 300 денари, следува бесплатен пијалок, и ручек.

Турнирот ќе се одржи во недела со почеток од 09 часот на ранч Џоканов, во село Сарај, општина Босилово. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.

Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот, за победниците следуваат богати награди.

Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago