Радовиш

По повод Неделата на детето првачињата од ОУ „Никола Карев“ од Радовиш на свечен начин беа примени во Детската организација

Неделата на детето е посебен период посветен на правата, потребите и благосостојбата на најмладите. Во овој период се потсетуваме на важноста од создавање безбедно и поддржувачко опкружување за децата, каде што тие можат слободно да се развиваат, учат и играат.

-Ова е време за заедничко славење на нивната уникатност, радост и потенцијал, како и за промоција на нивните права на образование, заштита и здравје рече директорот на улилиштетото Кире јанковски. За таа цел ООУ Никола Карев – Радовиш организира низа активности за обележување на недела на детето 2024, која оваа година е под мотото ПРАВАТА НА ДЕТЕТО – БЕЗБЕДЕН ЧЕКОР КОН СРЕЌНО ДЕТСТВО.

-Денешниот ден беше посветен на најмалите, првачињата. Тие денес стануваат дел од детската организација. Со свечен прием, ги поздравуваме најмладите членови и ги поттикнуваме да станат дел од заедницата која промовира другарство, грижа и почитување рече директорот на улилиштетото Кире Јанковски посакувајќи им собредојде на првачињата.

 Ова е првиот чекор кон активно учество во училиштето и развивање на вредности кои ќе им помогнат во иднина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago