Радовиш

По повод годишнината од неговата херојска смрт, му се оддаде почит на великанот Ацо Караманов на местото на загинувањето кај Берово

„Во виорот на револуцијата за слобода на татковината на ова место падна, под ударите на фашистичките бајонети на 7 октомври 1944 година, поетот и борец Ацо Караманов, роден во Радовиш“. Ова стои на спомен обележјето на местото на загинување на револуционерот, во близина на с. Смојмирово- Берово.

Во организација на Центарот за култура ,,Ацо Караманов” и Општина Радовиш, а во соработка со општина Берово, по втор пат му се оддава почит на великанот Караманов  на местото на загинувањето.

По повод годишнината од неговата херојска смрт цвеќе положија делегација  од Општина Радовиш  делегација од Општина Берово, и делегација од Центарот за култура ,,Ацо Караманов”, се поклонија пред спомен обележјето и заеднички,  ја проследија културната програма во изведба на учениците од нижото музичко училиште во ОУ Никола карев од Радовиш, а беседа во чест на загинувањето на Ацо Караманов,  читаа ученици од СОУ Коста Сусинов од Радовиш.

За ликот и делото на Ацо Караманов зборуваа и поетот Борче Панов, писателот Доне Донев и професорот Славчо Атанасов.

Со овој свечен чин, започнува и програмата за одбележување на ,,51-те Караманови поетски средби”, која ќе биде пропратена со многу содржини, посветени на ликот и делото на Ацо Караманов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago